Папата: Науката и мудроста на автохтоните народи можат да помогнат во заштита на планетата

Папата Фрањо во четврток 14 март 2024 година ги прими учесниците на конференцијата одржана во Ватикан на оваа тема, нагласувајќи уште еднаш дека културите, традициите и духовноста треба да бидат заштитени во нивната различност: нека потрагата по дијалог, правда и мир го поддржува управувањето со ресурсите на координиран начин, со цел „да се одговори на итните предизвици кои го засегаат заедничкиот дом и семејството на народите“.
Климатските промени, губењето на биодиверзитетот, заканите по безбедноста и здравјето на храната и други предизвици се најитните критични проблеми на денешницата, а за нивно решавање неопходно е да се земе предвид знаењето на домородните народи и науката.
Ова го истакна папата Фрањо примајќи ги учесниците на конференцијата која е во тек во Ватикан, посветена токму на оваа тема, односно – објасни Папата – препознавајќи ја големата вредност на мудроста на автохтоните народи и поддржувајќи го интегралниот и одржлив човечки развој. Покрај тоа, има за цел да испрати порака до владите и меѓународните организации во корист на правдата и братството. „Сознанија на домородните народи и наука. Комбинирање на знаењето и наука за ранливости и решенија за отпорност“, е името на работилницата промовирана од Папските академии на науките и општествени науки.
На крајот, папата Фрањо ги охрабри учесниците на конференцијата да продолжат со својата посветеност гарантирајќи им ги своите молитви и благослов и истакна: „Црквата е со вас, сојузник на автохтоните народи и нивното знаење и сојузник на науката за да помогне во светот да расте братството и општественото пријателство“.
Ватикан њуз/к.мк