Папата наскоро ќе го посети Касерто

Во сабота попладне, 26 јули Светиот Отец ќе го посети Касерто, каде ќе се сретне со клерот. На празникот света Ана, заштитничка на местото, со почеток во 18.00 часот папата Фрањо ќе служи света Миса за народот од тој град.

Два дена покасно, во понеделник 28 јули папата Фрањо повторно ќе се врати во Касерто и тоа исклучиво во приватна посета на евангелскиот пастор, негов пријател, Џовани Третино – соопшти патер Ломбарди директор на Канцеларијата за печат при Светата Столица.

РВ/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот