Во телеграмата потпишана од заменикот за општи работи на Државниот секретаријат, надбискупот Едгар Пења Пара, упатена до претседателот на италијанската бискупска конференција кардиналот Зупи, папата Фрањо ги спомена оние кои ги загубија животите во природните катастрофи што го погодија деновиве италијанскиот регион Емилија Ромања и моли за Божја утеха за ранетите и близина на оние кои пружаат помош.
Голема е тагата на папата Фрањо како што и големата катастрофа што деновиве го погоди италијанскиот регион Емилија Ромања, со големи поплави и драматични податоци за девет загинати лица и неодреден број исчезнати и повеќе од 20.000 раселени и непроценливи економски штети. Светиот Отец упати порака на близина и молитва до кардиналот Матео Зупи, претседател на италијанската бискупска конференција и надбискуп на Болоња, град во кој состојбата значително се влошува.
Молитви за покојните, близина со оние кои пружаат помош
Информиран за силното невреме што го зафати регионот Емилија Ромања, особено неговиот источен дел – стои во телеграмата потпишана од заменикот за општи работи на Државниот секретаријат надбискупот Едгар Пења Пара, папата Фрањо бара од кардиналот Зупи да го пренесе неговото сочувство до роднините и пријателите на жртвите од големата катастрофа што го погоди тој регион. Папата посебно ја вети својата молитва за починатите и изразува сочувство до членовите на семејството, молејќи Божјата утеха за ранетите и сите кои ги трпат последиците од оваа тешка катастрофа.
Светиот Отец се заблагодари на сите оние кои во овие особено тешки моменти се ангажираат да пружат помош и ги ублажат маките, како и на бискупските заедници за солидарноста и братската близина со најтешко настраданото население. Папата Фрањо упатува апостолски благослов до сите, во знак на посебна духовна близина. На молитвите на Папата – како што е наведено во телеграмата – се приклучува и државниот секретар кардинал Пиетро Паролин и лично надбискупот Пења Пара.
Соопштение на Италијанската бискупска конференција
На 17 мај 2023 година, Претседателството на италијанската бискупска конференција објави соопштение во кое, во име на бискупите од сите италијански региони, ја ветува молитвата за жртвите, исчезнатите и сите погодени семејства. Пред оваа нова несреќа – стои во соопштението за печатот во кое се цитираат зборовите на бискупите од регионот Емилија Ромања – јасно сфаќаме дека треба да бидеме обединети во кризи и заедно да одлучиме да се грижиме за нашиот заеднички дом и ветуваме дека ќе направиме се што е потребно за соработка со давателите на помош и да гарантираме прифаќање и солидарност со оние на кои им е потребна.
Ватикан њуз/к.мк