По молитвата Ангел Господов во недела 27 август 2023 година, Светиот Отец конкретно спомна две земји: едната уништена од пожари, а другата од војна. Потсетувајќи се на денешниот спомен ден на Света Моника, папата Фрањо поттикна на молитва за мајките кои страдаат кога нивните деца малку ќе се изгубат или ќе се најдат на тешки патеки во животот.
Жртвите од пожарите во Грција и страдањата на Украинците повторно се во мислите на Светиот Отец, кој во своите поздрави по пладневната богородична молитва им се обрати на овие два народа:
Ветувам дека во молитвите ќе си спомнам за жртвите од пожарите што деновиве избувнаа во североисточна Грција и изразувам солидарност со грчкиот народ. И секогаш да останеме блиску до украинскиот народ кој страда од војната; многу страда; да не ја заборавиме Украина.
Папата Фрањо потоа потсети на денешниот спомен ден на Света Моника, мајката на свети Августин, која со своите молитви и солзи го молеше Господа за преобраќање на својот син. По примерот на таа силна и добра жена, Папата поттикна да се молиме за сите мајки кои страдаат кога нивните деца се губат малку или се на тешок животен пат.
Ватикан њуз/к.мк