Папата: Мистичните феномени не се неопходни за признавање на светоста

Папата: Мистичните феномени не се неопходни за признавање на светоста

Папата Лав XIV ги прими на аудиенција учесниците на конференцијата на Дикастеријата за прогласување на светци што се одржа на Папскиот универзитет Урбанија под наслов „Мистицизам. Мистични феномени и светост“. Една од најубавите димензии на искуството на верата, рече Папата, и препорача да се потпираат на учењето на Црквата во нивната проценка, внимавајќи да не бидат „измамнички манифестации“ и да избегнуваат да запаѓаат во суеверни илузии.

Потребно е да се направи разлика помеѓу автентичните духовни феномени и манифестациите што можат да бидат измамнички. Тие треба да се оценуваат со понизност и расудување во согласност со учењето на Црквата, со цел да се избегне паѓање во суеверна илузија. Потребна е „рамнотежа“ во постапките за канонизација, бидејќи вонредните феномени што можат да обележат мистично искуство не се апсолутно неопходни за признавање на светоста на верникот. Ова се упатствата што папата Лав XIV им ги даде во четврток 13 ноември 2025 година, на учесниците на конференцијата насловена како „Мистицизам, мистични феномени и светост“, што се одржа од 10 до 13 ноември на Папскиот универзитет Урбанијана.

Овој настан концептуално и тематски ги надополни конференциите одржани во изминатите две години, посветени на „светоста денес“, „димензијата на заедницата“ и „мачеништвото и принесувањето на животот“. На Конференцијата присуствуваа професори, научници, свештеници, мистици и експерти од други конфесии. Авторитетни гласови на тема толку фасцинантна колку што е чувствителна за животот на Црквата. Односот помеѓу мистичните феномени и светоста на животот, всушност, е една од најубавите димензии на искуството на верата – нагласи Папата на почетокот од својот говор, заблагодарувајќи им се на сите учесници на конференцијата затоа што преку ова размислување придонесоа за нејзината евалуација, како и за разјаснување на некои аспекти што бараат расудување.

Црпејќи од учењата на Црквата

Разбирање понизно и во согласност со учењето на Црквата – нагласи папата Лав XIV, споменувајќи ги науката на Црквата, теологијата и духовните автори кои, во последните векови, обезбедија критериуми за разликување на автентичните духовни феномени што можат да се појават во атмосфера на молитва и искрено барање на Бога, од манифестации што можат да бидат измамнички.

За да се избегне паѓање во суеверна илузија, ваквите настани треба да се оценуваат разумно, преку скромно расудување во согласност со учењето на Црквата.

Мистицизмот е дар, но вистинската цел е заедништво со Бога.

Преку теолошко размислување, проповедање и катехеза, Црквата со векови препознава дека во центарот на мистичниот живот е свеста за интимно соединување на љубовта со Бога – забележа Папата, додавајќи – Мистицизмот се карактеризира како искуство кое го надминува самото рационално сознание, не преку заслугите на оној што го доживува, туку преку духовен дар кој може да се манифестира на различни начини, дури и преку спротивни феномени како што се виденија за светлина или густа темнина, депресија или екстаза.

Сепак – објасни Светиот Отец – овие исклучителни настани сами по себе остануваат секундарни и ирелевантни за мистицизмот и за самата светост; тие може да бидат знаци за него, но вистинската цел е, и секогаш останува, заедништво со Бога. Затоа – нагласи Папата – ако ваквите знаци се присутни, тие ги зајакнуваат доблестите, не како индивидуални привилегии, туку како такви кои се насочени кон изградба на целата Црква. Со други зборови, она што е најважно и она што треба најмногу да се истакне при испитувањето на кандидатите за светост е нивната целосна и постојана усогласеност со волјата Божја.

Да ги наследуваме светците

Затоа Папата повика на рамнотежа, односно, исто како што процесите на канонизација не треба да се промовираат само во присуство на исклучителни феномени, така треба да се внимава да не се казнуваат ако овие феномени го карактеризираат животот на Божјите слуги. Во срцето на расудувањето на верникот е слушањето на неговиот глас на светост и испитувањето на неговата совршена доблест, како израз на заедништвото со Црквата и интимно единство со Бога – забележа папата Лав XIV, и на крај ги охрабри оние што работат во областа на процесите на канонизација:

Угледајте се на светиите и така негувајте го повикот што нè обединува сите нас како крстени луѓе, живи членови на еден Божји народ.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот