Папата Фрањо ги прими волонтерите на Делото за унапредување на писменоста во светот (ОПАМ), по повод 50-годишнината од основањето.
Неопходно е да се потисне неписменоста, која е една од причините за заостанатост, истакна Папата и ја спомена енцикликата Populorum progressio и Pacem in teris, документи кои се многу актуелни, но нивната порака не е прифатена.
Од 60-тите години на минатиот век, односно од кога Павле VI. го упати својот апел (актеуелен, но слабо прифатена) во енцикликата Populorum progressio, до денес, развојниот модел не е променет. И покрај бројните и дарежливи дела на солидарност постигнати на граѓанско и црковно ниво, причините за неразвиеноста не се отстранети, почнувајќи од неписменоста.
Затоа папата Фрањо го поттикна Делото за унапредување на писменоста во светот (Opera di Promozione dell’Alfabetizzazione nel Mondo – OPAM), чии членови на 24 јануари 2023 година ги прими во аудиенција, да продолжи со нивната посветеност со истата сила и виталност со кои во последните 50 години, реализирааа илјадници проекти и посвојувања на далечина во повеќе од 80 земји, најмногу во Африка.
Благодарение на оваа посветеност, концептот на развојна соработка – кој пред половина век беше сфатен само како испраќање материјална помош – радикално се промени во последните децении, фокусирајќи се на образованието, кое е како вистински мотор на еманципација и автономија на земјите од југот од светот – рече Папата пред членовите на Делото за унапредување на писменоста во светот.
Ватикан њуз/к.мк