Папата меѓу децата со попреченост во Дили: Ви благодариме што нѐ учите да се препуштаме на Бога

Папата Фрањо го посети училиштето „Ирмас Алма“, кое обезбедува грижа и помош на малолетници со тешки болести. Се сретна со монахињите и педесетина деца кои го пречекаа со песни и подароци. Папата поттикна на љубов кон кревките, а го истакна примерот на 7-годишниот Силвано, кој боледува од невродегенеративно заболување: „Тој не учи да се препуштиме на лекувањето“.

На вториот ден од престојот во Источен Тимор, на 10 септември, папата Фрањо го посети училиштето „Ирмас Алма“, каде со години монахињите на Здружението на лаички мисионерски институти, основано во Индонезија во 1960-тите, обезбедуваат грижа за лица со посебни потреби и тешко болни деца.

Таинството на сиромашните

Болестите од кои боледуваат повеќето од овие деца се неизлечиви, а тажен е фактот што поради сиромаштво и недостаток на медицински ресурси не можело да се интервенира на болести кои инаку би можеле да се излечат во текот на бременоста. Сега останува само љубовта кон оние потполно слепите, аутистичните, лицата со Даунов синдром.

Љубовта е таа што охрабрува, гради и зајакнува. Јас тоа го нарекувам „светата тајна на сиромашните“, рече на италијански папата Фрањо во својот краток говор, на кој му претходеше поздравот од поглаварката на сестрите Гертрудис Биди, во просторијата „Свети Винко Павелски“.

Благодарам на монахињите и децата

Тоа не може да се разбере без љубов – рече Папата. Не можеме да ја разбереме љубовта на Исус ако не почнеме да практикуваме љубов. Делењето на животот со оние во потреба е програма, ваша програма, тоа е програма на секој христијанин – истакна тој и им се заблагодари на монахињите и нивните соработници за сѐ што прават. Имсе заблагодари и на девојките, момчињата, младите и девојките кои – како што рече – ни даваат сведоштво дека се препуштиле на Божјата грижа.

Тие нè учат дека мора да му се препуштиме на Бога, а не на бројните идеи или проекти или каприци. Препуштете се на Божјата грижа. Ви благодарам за тоа.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот