Папата: Марија нѐ учи на патот на светоста

Папата: Марија нѐ учи на патот на светоста

На 18 мај 2018 година, Папата ги упати своите следбеници на Твитер на светиот пример на Блажена Дева Марија во чиј месец се наоѓаме.

„Марија ги живеела Исусовите блаженства како никој друг: таа е светица меѓу светиите. Нѐ учи на патот на светоста и нѐ придружува,“ порача Папата во твитер пораката која ја објави на 18 мај 2018 година. Надоврзувајќи се на таа мисла, Светиот Отец во апостолскиот поттик „Радувајте се и воскликнете“ напомена дека Марија е таа која се радувала во Божјото присуство, која ги зачувувала сите настани во своето срце и која дозволила меч да ѝ ја прободе душата.

Марија не дозволува да останеме на земјата после падот и од време на време нѐ прима во својата прегратка, а притоа нѐ не осудува. Разговорот со неа нѐ теши, ослободува и посветува – напиша папата Фрањо. На Марија нашата Мајка не ѝ требаат многу зборови. Не е потребно да се напрегаме за да ѝ објасниме што се случува во нашите животи. Сѐ што треба да направиме е секогаш одново да шепотиме: „Радувај се Маријо…“ (Gaudete et exsultate, 176).

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот