Во вторник, 19 мај 2026 година, папата Лав XIV ја посети Ватиканската опсерваторија во Кастел Гандолфо и ги поздрави присутните верски лица, лаичкиот и научниот персонал.
Во вторник попладне, папата Лав XIV ја посети Ватиканската опсерваторија во Кастел Гандолфо, во близина на Рим.
Ова не е прва посета на Папата на опсерваторијата, бидејќи тој го посети овој простор и на 20 јули 2025 година, на 56-годишнината од слетувањето на Месечината.
Астрономската опсерваторија се наоѓа во Кастел Гандолфо, град во близина на Рим, каде што Папата го помина вторникот работејќи и одморајќи се, како што вообичаено прави.
Папата беше пречекан од сестра Рафаела Петрини, претседателка на Гувернаторатот на Државата Град Ватикан, заедно со генералните секретари, надбискупот Емилио Напа и Џузепе Пуглизи-Алибранди.
Меѓу присутните беа и директорот на опсерваторијата, Исусовецот отец Ричард Ентони Д’Соуза, и неговиот претходник, Исусовскиот брат Гај Консолмањо, актуелен претседател на Фондацијата на Ватиканската опсерваторија.
По краткиот момент на молитва во капелата на објектот, Папата се сретна и ги поздрави верските лица, научниот и лаичкиот персонал.
Ватикан њуз/к.мк

