Папата Лав XIV. во вторник, на 13 мај 2025 година, го посети седиштето на монашката заедница Августинци во Рим и таму служеше света Литургија со своите собраќа, а потоа остана на заеднички ручек, соопшти Канцеларијата за печат на Светиот Престол.
Лав XIV, тогаш отец Роберт Францис Превост, од 2001 до 2013 година беше поглавар на августинскиот ред. Седиштето на редот се наоѓа веднаш до плоштадот „Свети Петар“, каде што отец Превост пред 12 години имаше своја канцеларија. Со сегашниот поглавар на редот, Шпанецот отец Алехандро Морал Антон го поврзува долгогодишно пријателство. Кога Превост беше поглавар на редот, Морал Антон беше генерален викар.
Папата пристигна во седиштето на редот во црн автомобил од средна класа, со официјална регистарска табличка на возилото на Папата SCV1.
Лав XIV. сè уште живее во својот стан каде што престојуваше како кардинал на Куријата, во зградата на Дикастеријата за наука на верата. Седиштето на августинскиот ред се наоѓа недалеку од оваа зграда.
Ватикан њуз/к.мк