Кратка средба се одржа во понеделник, 8 јуни 2026 година, пред обраќањето на Папата во Конгресот на пратениците.
Пред да пристигне во Конгресот на пратениците, каде што утрово, 8 јуни, на третиот ден од своето патување во Мадрид, се сретна со членовите на шпанскиот парламент, папата Лав XIV имаше кратка средба со премиерот Педро Санчез Перез-Кастехон.
Канцеларијата за печат на Светиот Престол го објави тоа на својот канал на Телеграм, истакнувајќи дека Папата потоа поздравил и неколку свои соработници.
Приватната средба траела приближно 20 минути.
Ватикан њуз/к.мк

