Додека во Рим е во тек Отвореното првенство на Италија 2025, папата Лав XIV во Ватикан го прими професионалниот тенисер Јаник Синер, заедно со неговото семејство и претседателот на Италијанската тениска федерација.
Во среда, папата Лав XIV во Ватикан го прими тенисерот Јаник Синер.
Според Канцеларијата за печат на Светиот Престол, на аудиенцијата со Папата и 23-годишниот спортист присуствувало и семејството на Синер и претседателот на Италијанската тениска федерација, Алберто Бинаги. Аудиенцијата се одржа во просториите поврзани со салата Павле VI.
Портпаролот Бруни рече дека страста на папата Лео кон тенисот е добро позната. Во видеото, г-дин Синер се гледа како му нуди на папата тениска топка и го прашува дали сака да игра.
Папата одговори: „Ќе скршиме нешто. Подобро да не кршиме!“
Италијанското отворено првенство в 2025 година, официјално познато како Internazionali BNL d’Italia, моментално е во тек во Рим во комплексот Форо Италико.
Овој престижен тениски турнир, дел од АТП и ВТА 1000 серија, започна на 7 мај и ќе заврши на 18 мај.
На турнирот се натпреваруваат врвни меѓународни и италијански играчи.
Ватикан њуз/к.мк