Папата Лав XIV имаше приватна аудиенција со американскиот претседател Џ.Д. Венс и неговата сопруга, Уша Венс, кои во недела 18 мај 2025 година присуствуваа на светата Литургија за инаугурација на неговиот понтификат.
Канцеларијата за печат на Светиот Престол објави дека папата Лав XIV се сретнал со потпретседателот на Соединетите Американски Држави, Џејмс Дејвид Венс, во понеделник наутро, 19 мај 2025 година.
Потпретседателот на САД ги претставуваше Соединетите Американски Држави на светата Литургија за инаугурација на неговата Петровска служба.
По приватната аудиенција со папата роден во Америка, г-дин Венс се сретна со надбискупот Пол Ричард Галагер, секретар за односи со државите и меѓународните организации.
За време на „срдечните“ разговори во Државниот секретаријат, г-дин Венс и надбискупот Галагер ги повторија добрите билатерални односи меѓу Светиот Престол и Соединетите Американски Држави.
Тие, исто така, разговараа за соработката меѓу Црквата и американската влада, како и за неколку прашања „од посебна важност за црковниот живот и верската слобода“.
„На крајот, беше разменети мислења за некои актуелни меѓународни прашања, повикувајќи на почитување на хуманитарното право и меѓународното право во подрачјата на конфликти и на решенија со договор меѓу вклучените страни“, соопшти Канцеларијата за печат на Светиот Престол.
Ватикан њуз/к.мк