Папата Лав XIV: „Работете за мир“ и „барајте решенија без оружје“

Папата Лав XIV: „Работете за мир“ и „барајте решенија без оружје“

Папата Лав XIV, во вторник вечер, 2 март 2026 година, даде кратка изјава за новинарите во Кастел Гандолфо, пред резиденцијата Вила Барберини, повторувајќи го својот апел „да се работи за мир“ и „да се промовира дијалогот“.

„Молете се за мир, работете за мир, помалку омраза. Омразата во светот постојано расте.“ Ова е повикот што папата Лав XIV го упати до група новинари пред Вила Барберини, резиденцијата во Кастел Гандолфо, каде што го помина вообичаениот ден за одмор и работа меѓу понеделник и вторник.

Додека нападите на Блискиот Исток се засилуваат, а стравот и тензиите растат во светот, Папата повика упорно да се следи целта на мирот. Во исто време, ги повика сите „вистински да се заложат за промовирање на дијалогот“ и „да бараат решенија без оружје за да се решаваат проблемите“.

Овие зборови одекнуваат со оние што Папата ги изговори минатата недела по молитвата „Ангел Господов“, кога, осврнувајќи се на нападот на Соединетите Американски Држави и Израел врз Иран и на иранските бомбардирања во повеќе подрачја на Блискиот Исток, рече: „Стабилноста и мирот не се постигнуваат со меѓусебни закани, ниту со употреба на оружје што сее разурнување, страдање и смрт, туку единствено преку разумен, искрен и одговорен дијалог.“

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот