Бегалец од граѓанската војна во Ел Салвадор станува епископ на Вилинг-Чарлстон, а Колумбиец е иемнуван за епископ на Ларедо
Папата Лав XIV именува двајца свештеници, кои емигрирале од Латинска Америка, за епископи во Соединетите Американски Држави. Ова е објавено во соопштение на Канцеларијата за печат на Светата столица во петок, 1 мај 2026 година.
Еден од новоименуваните епископи, Евелио Менхивар-Ајала, во 1990 година, како 20-годишен бегалец од Ел Салвадор, влегол во Калифорнија, криејќи се во багажник на автомобил на границата во близина на Тихуана. Провинцијата Чалатенанго во Ел Салвадор, родниот крај на Менхивар-Ајала, била место на крвави судири за време на граѓанската војна во земјата во 1980-тите години.
Педесет и петгодишниот свештеник сега ќе стане епископ на Вилинг-Чарлстон, во американската сојузна држава Западна Вирџинија. Претходно, три и пол години служеше како помошен епископ во главниот град Вашингтон.
Ватикан во петокот го објави и именувањето на Џон Гомез (50) за епископ на Ларедо, во сојузната држава Тексас. Гомез е родум од Колумбија. До епископското именување служеше како генерален викар на епархијата Тајлер во Тексас.
Покрај тоа, Ватикан го објави именувањето на двајца нови помошни епископи за епархијата Вашингтон: Гари Студњевски (68) од Толедо, Охајо, и Роберт Бокси (45) од Лејк Чарлс, Луизијана.
Катпрес/к.мк

