Папата Лав XIV замина од аеродромот Фјумичино во Рим на неговото прво Апостолско патување, кое го носи во Турција и Либан за да понуди знак на единство и мир.
Папскиот авион во 7:58 часот во четврток наутро 27 ноември 2025 година полета од аеродромот Фјумичино во Рим, со дестинација Анкара, Турција.
На седиштата од авионот Airbus A320neo на ITA Airways е поставена иконата на Нашата Мајка на Добриот Совет, титула на Пресвета Дева Марија што ја почитуваат Августинците.
Побожноста на Богородица кон оваа титулата е поврзана со црквата во ридскиот град Џенацано, Италија, каде што августинците служат од 13 век.
Папата Лав XIV ја посети црквата во Џенацано само два дена по неговиот избор за Петров наследник.
При таа посета, тој се помоли пред древната слика на Мајката на добриот совет, која потекнува од Скадар, Албанија.
Прв ден во Турција
Апостолското патување на папата Лав XIV во Турција и Либан започнува во Анкара, каде што неговата прва станица ќе биде Мавзолејот на Мустафа Кемал Ататурк, таткото на Република Турција.
Потоа Папата ќе биде пречекан во Претседателската палата каде ќе се сретне со претседателот Реџеп Таип Ердоган и ќе се обрати до цивилните власти и дипломатскиот кор.
Потоа со папскиот авион ќе отпатува за Истанбул, каде што ќе престојува во Апостолската нунцијатура до крајот на неговата посета на Турција.
Ватикан њуз/к.мк

