Папата Лав XIV ги охрабрува Тајланд и Камбоџа да започнат дијалог

Папата Лав XIV ги охрабрува Тајланд и Камбоџа да започнат дијалог

На крајот од Генералната аудиенција во среда, 10 декември 2025 година, папата Лав XIV изрази големо жалење поради граничните судири меѓу двете азиски земји, кои одзедоа цивилни животи и раселија повеќе од 500.000 луѓе: „Ја изразувам мојата близина со молитва до овие драги народи“.

Папата Лав XIV е длабоко жалостен од веста за обновениот конфликт по должината на границата меѓу Тајланд и Камбоџа. По ескалацијата минатото лето, повторно избувнаа судири на границата меѓу двете земји од Југоисточна Азија, во кои најмалку 12 лица ги загубија животите, а повеќе од половина милион цивили избегаа од насилството.

На крајот од Генералната аудиенција во среда, поздравувајќи го народот собран на плоштадот „Свети Петар“ на италијански јазик, Папата го изрази своето жалење за жртвите, вклучувајќи ги и цивилите, и за илјадниците луѓе кои мораа да ги напуштат своите домови. Тој увери, како што рече, за својата близина со молитва до овие драги народи и апелираше до страните во конфликтот веднаш да го прекинат огнот и да го продолжат дијалогот.

Ситуацијата на границата

Во меѓувреме, на терен, на третиот ден од тензиите, пристигнуваат вести за прекугранично гранатирање и воздушни напади кои принудија 500.000 луѓе да ги напуштат своите домови и да побараат засолниште. Повеќе од 400.000 луѓе се преместени во безбедни засолништа во седум провинции – изјави портпаролот на тајландското Министерство за одбрана, Сурасант Конгсири, за време на прес-конференцијата. Беше неопходно да се евакуираат цивили во голем број поради ситуацијата, која ја оценивме како непосредна закана за нивната безбедност – објасни Конгсири. Во соседна Камбоџа, од другата страна, 101.229 луѓе беа евакуирани и сместени во безбедни засолништа и кај роднини во пет провинции – изјави портпаролката на камбоџанското Министерство за национална одбрана, Мали Сочеата.

Апелот на Антонио Гутереш

Во врска со ситуацијата меѓу Тајланд и Камбоџа, генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, исто така се огласи во последните денови, повикувајќи ги да избегнат понатамошна ескалација и да ја обноват својата посветеност на прекин на огнот, како и да ги користат сите механизми на дијалог за да се најде трајно решение на спорот преку мирни средства.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот