Папата Лав се моли Европа да ги надмине тензииите и повторно да го открие единството

Папата Лав се моли Европа да ги надмине тензииите и повторно да го открие единството

За време на Генералната аудиенција, папата Лав ја повика Европа да ги надмине тензииите и повторно да го отркие единството. Тој се помоли за болните, се сети на оние што страдаат поради тешките поплави во Колумбија и даде совети како да се подготвиме за Великиот пост.

Светите Кирил и Методиј, апостоли на Словените и заштитници на Европа, можат да помогнат во обновувањето на духовната виталност на европскиот континент, размислуваше папата Лав, поздравувајќи ги полските ходочесници присутни на Генералната аудиенција на 11 февруари 2026 година.

Тој потсети дека литургискиот спомен на двата светители се празнува на 14 февруари и дека тие се „татковци на христијанството, на јазикот и културата на словенските народи“.

Папата ги повика верниците да се вратат на нивното апостолско дело, како што поттикнуваше свети Иван Павле II, за да придонесат за градење ново единство во Европа, способна да ги надмине верските и политичките тензии, поделбите и спротивставувањата.

Молитва за болните

Потсетувајќи дека на 1 февруари се одбележува Светскиот ден на болните, Папата ги довери болните и нивните семејства на грижата на Пресветата Богородица.

По тој повод, кога папата Лав пристигна во салата „Павле VI“ во Ватикан, запали свеќа пред статуата на Пресветата Богородица Лурдска, на денот на нејзиниот литургиски спомен. Тој исто така истакна дека денес ќе отиде во Лурдската пештера во Ватиканските градини за да запали свеќа „како знак на мојата молитва за сите болни, кои денес, на Светскиот ден на болните, ги спомнуваме со посебна љубов“.

Говорејќи на шпански, папата Лав потсети дека годинава Светскиот ден се одбележува на место што му е особено драго, Светилиштето на Пресвета Богородица на Мирот во Чиклајо, Перу. „Духовно се соединувам“, рече тој, и додаде дека за таа пригода таму го испратил кардиналот Мајкл Черни, префект на Дикастеријата за промовирање интегрален човечки развој.

Папата, исто така, ѝ ги довери на Марија сите што загинале и сите што се погодени од тешките поплави во Колумбија, повикувајќи ја целата заедница да ги поддржи погодените семејства преку милосрдие и молитва.

Време за молитва пред почетокот на Великиот пост

Гледајќи напред кон почетокот на Великиот пост, Папата на англиски истакна дека периодот на Великиот пост започнува следната среда. Тој го опиша како време за продлабочување на познавањето и љубовта кон Господ, за преиспитување на срцето и животот и за повторно насочување на погледот кон Исус и Неговата љубов кон нас.

Папата Лав XIV заврши со надеж дека деновите на молитва, пост и милостина ќе бидат извор на сила, додека христијаните секојдневно се стремат да го земат својот крст и да Го следат Христос.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот