Папата Лав: Свети Тома Аквински нè вдахновува да ја откриеме убавината на верата

Папата Лав: Свети Тома Аквински нè вдахновува да ја откриеме убавината на верата

На крајот од Генералната аудиенција одржана на 28 јануари 2026 година во Ватикан, Папата потсети на вредноста на примерот и наследството на Свети Тома Аквински.

„Свети Тома Аквински, кого денес литургиски го спомнуваме, ни помага подобро да го разбереме Божјото Откровение преку неговите дела. Примерот на овој Учител на Црквата и нас нека нè вдахнови да го бараме лицето Божјо и да ја откриеме убавината на верата“, рече Лав XIV, поздравувајќи ги ходочесниците собрани во салата Павле VI.

Папата изрази надеж дека Свети Тома Аквински ќе ни помогне да го разбереме Светото Писмо, „кое го објасни со таква мудрост, за да можеме да сфатиме колку Бог нè сака и го посакува нашето спасение“.

Папата исто така посака примерот на Свети Тома Аквински да ги вдахнови младите да го следат Исус како вистински учител на животот и светоста; да им даде на болните мир и светлина што доаѓаат од таинството на крстот; и да им даде на младенците мудрост на срцето за да можат великодушно да ја исполнат својата мисија во општеството.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот