Папата Лав: Пречекајте го Господ кој тропа на нашата врата

Папата Лав: Пречекајте го Господ кој тропа на нашата врата

Во својата неделна порака пред молитвата Ангел Господов, 20 јули 2025 година, одржана во Кастел Гандолфо, папата Лав повика да го пречекаме Господ кој тропа на вратата на нашето срце, кој моли да му дозволиме да влезе. Светиот Отец ја истакна важноста да ги слушаме и да ги пречекуваме другите, а истовремено да дозволиме и ние да бидеме пречекани.

Апел за прекин на варварството во Газа

Потсетувајќи се на старозаветните и новозаветните читања од неделната литургија на тема гостопримство, кои што го прикажуваат Авраам и неговата сопруга Сара, а подоцна и пријателите на Исус, Марта и Марија, Папата размислуваше за меѓусебното дејство на давањето и примањето гостопримство.

Понизност при давањето и примањето

Љубезноста, вниманието и отвореноста се дел од гостопримството, но посебно и од понизноста, истакна Папата. Тој потсети дека евангелското четиво раскажува како Марта е преоптоварена со служење, бидејќи е добра и дарежлива личност каква што беше, но ризикувала да ја пропушти радоста од средбата со Господ и слушањето на неговите зборови.

Отвореност кон нешто поголемо од нас самите

Вниманието е важно, бидејќи „нашите животи можат да напредуваат само ако научиме да бидеме отворени за нешто поголемо од нас самите“ што носи „среќа и исполнетост“, објасни Папата. А Марија, сестрата на Марта, ја препозна важноста на таа средба не само во добредојдето, туку и во слушањето на Господ.

Уметноста на забавувањето и слушањето

Во заклучокот од размислувањето, Светиот Отец охрабри да го следиме примерот на Марија: да знаеме да забавиме и да слушаме, за да не го испуштиме „подобриот дел“. Папата рече дека секогаш можеме да напредуваме во учењето на уметноста на вистинското гостопримство – кое подразбира и да ги примаме другите и да бидеме отворени за да бидеме примени. Тоа, како што нагласи, значи да ја препознаеме вредноста на секоја вистинска средба – било да е со Бога, со ближниот или со созданието – како дар кој ни е слободно даден.

„Да се помолиме на Пресвета Марија, нашата Мајка, која го пречека нашиот Господ, го роди во својата утроба и заедно со Јосиф му даде дом. Во неа ја гледаме убавината на нашиот повик, повикот на Црквата, да биде дом отворен за сите и на овој начин да го пречека својот Господ, кој тропа на нашата врата и бара од нас дозвола да влезе.“

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот