Папата Лав ги повика свештениците да бидат градители на единство и мир

Папата Лав ги повика свештениците да бидат градители на единство и мир

Папата Лав ги повика свештениците да бидат градители на единство и мир

Папата Лав ги повика своите браќа презвитери да бидат градители на единство и мир, обновувајќи ја својата посветеност на Пресветото Срце Исусово.

Вистинската срж на свештеничката служба, пишува папата Лав во Порака до свештениците, се открива во „Срцето Христово, прободено од љубов… живо и животворно тело кое го прегрнува секој од нас и нè сообразува со ликот на Добриот Пастир“.

Во својата порака – објавена по повод Денот на посветувањето на свештениците, што се одбележува секоја година на празникот на Пресветото Срце Исусово – Папата нагласува дека токму овој ден го обновува во нашите срца повикот да се посветиме целосно на служење на светиот Божји народ – служење што започнува со молитва и се извршува во заедништво со Господ.

„Бидете градители на единство и мир!“

Влегувањето во Пресветото Срце, вели Папата, му овозможува на свештеникот да го искуси и повторно да го оживее тој дар што Господ го довери и наложи да се пренесува во Негово име – носејќи му ги на Божјиот народ Божјото Слово и светите тајни, за да се изгради свет посветен на љубовта и помирувањето.

„Затоа денес упатувам искрен повик до сите вас: Бидете градители на единство и мир!“, пишува Папата.

За да го остварат тоа, објаснува тој, свештениците треба да бидат „пастири способни за мудро расудување“, способни да ги разбираат и толкуваат сложените реалности на животот, и да нудат пасторални решенија што ја зацврстуваат верата, градат односи на солидарност и создаваат заедници што зрачат со дух на заедништво.

„Да се биде градител на мир и единство значи да се служи, а не да се владее“, истакнува Папата Лав, подвлекувајќи ја важноста на свештеничкото братство како веродостоен знак на Божјото присуство меѓу луѓето.

Служба вкоренета во молитва и близина

Светиот Отец ја завршува својата порака со апел до свештениците да го обноват дадено „да“ изречено при нивното ракополагање, да се препуштат да ги обликува Светиот Дух и да не се обесхрабруваат од сопствената слабост.

„Господ не бара совршени свештеници“, вели тој, „туку понизни срца отворени за преобраќање, подготвени да љубат како што Тој нè возљуби нас.“

На крајот, потсетувајќи се на повикот на својот претходник за обновување на побожноста кон Пресветото Срце Исусово, Папата ги охрабрува свештениците да ја втемелат својата служба во молитва, простување и близина со сиромашните, семејствата и младите кои ја бараат вистината, потсетувајќи дека „светиот свештеник прави светоста да процвета околу него“.

Ватикан

њуз/к.мк

Категорија: Uncategorized

За авторот