По повод 40. Средба за пријателство меѓу народите папата Фрањо до епископот на Римини монс. Франческо Ламбијаси испрати порака која ја потпиша кардинал Пиетро Паролин, а во која на сите учесници им упатува најдобри желби.
Папата Фрањо во пораката која ја потпиша државниот секретар кардиналот Пиетро Паролин упати најдобри желби до организаторите, волонтерите и сите кои ќе учествуваат на 40. Средба за пријателство меѓу народите, која започнува на 18 август во Римини, а ќе се одржи на тема „Твоето име се роди од она погледна без трепкање.“ Светиот Отец освен тоа посака средбата секогаш да биде гостољубиво место на кое ќе може „без трепкање да се гледаат лица“, стекнувајќи го искуството на сопствениот карактеристичен идентитет.
Многу наши современици паѓаат под ударите на искушенијата во животот и остануваат сами и напуштени – стои во пораката. И често со нив се постапува како со статистички бројки. Да се сетиме на илјадниците луѓе кои секој ден бегаат од војни и сиромаштво; пред бројките сепак тие се лица, личности, имиња и животни приказни. Тоа никогаш не смееме да го заборавиме, посебно кога културата на отфрање маргинализира, дискриминира и искористува загрозувајќи го достоинството на човекот – истакна Папата.
На многу од заборавените луѓе итно им е потребно да го погледнат Господовото лице за да можат повторно да се пронајдат себе! – се истакнува во пораката. Човекот денес често живее во несигурност, одејќи наслепо, туѓ самиот на себе; изгледа како повеќе да нема сили, така лесно се препушта на стравот. Како човекот можебе повторно да се пронајде себе и надежта? – праша Папата. Тајната на животот, она што ни дава да излеземе од анонимноста е да се вгледаме на Исусовото лице и да воспоставиме близок однос со Него – стои во праката на Папата до учесниците на 40 Средба во Римини.
Ватикан њуз/к.мк