Во пораката, потпишана од државниот секретар кардинал Паролин, папата Фрањо им се обраќа на учесниците на конференцијата на социјалната седмица на Франција, која се одржува во Лион, изразувајќи го својот страв од загрижувачкиот контекст на меѓународната нестабилност и охрабрувајќи го ангажманот во создавањето социјални кохезија, братство и помирување меѓу групите и заедниците
Загрижувачкиот контекст на меѓународната нестабилност ја покажува потребата од социјална кохезија, братство и помирување меѓу групите и заедниците – се вели во пораката на папата Фрањо, потпишана од државниот секретар кардинал Пјетро Паролин, упатена до учесниците на конференцијата Француска социјална седмица, која се одржа во Лион до 26 ноември. Денес, повеќе од кога било, ја разбираме важноста на целосната екологија – според учењето на папата Фрањо – која истовремено се соочува со општествени и еколошки кризи и нè охрабрува да не го раздвојуваме она што е тесно поврзано – се вели во пораката.
Заштитата на целото создание е задача на сите луѓе
Текстот потоа цитира делови од Апостолскиот поттик Laudate Deum, во кој Папата потсетува дека личното вклучување во заштитата на созданието не е доволно само по себе за да се справиме со климатската криза што ја доживуваме. Потребен е нов процес во кој ќе се вклучи политиката, како и различните општествени чинители и посреднички тела. Охрабрувањето што доаѓа со енцикликата Fratelli tutti, да се изгради општество вдахновено од чувствата на пријателство и братство, станува конкретен предлог за истражување на нови форми на соработка.
Католиците треба да се ангажираат на општествено поле
Присуството на Папата на конференцијата COP28 во Дубаи – се вели во пораката – е сведоштво за неговата посветеност, која ги охрабрува сите католици да преземат јасна и решителна акција на општествено поле. Верата е таа што подлабоко ги врзува Господовите ученици за судбината на човештвото, сите живи суштества и нашиот заеднички дом. Затоа Папата им посакува на учесниците на конференцијата со својот поглед да ја поддржат црквата во Франција во нејзината мисија, а нивната надеж да биде радикална како новоста на Исус Христос која се истакнува особено меѓу сиромашните, далеку од логиката на моќта, каде Царството Божјо веќе ги менува умовите и срцата и ја подготвува нашата иднина – се истакнува во пораката на Папата.
Ватикан њуз/к.мк