Денешното Евангелие го опишува она што се случило на Велигден, зборува за познатиот настан на двајцата ученици од Емаус – рече папата Фрањо пред молитвата Царице небесна во библиотеката на Апостолската палата.
Таа е приказната која започнува и завршува на патот – рече Папата и објасни: Имено се работи за заминувањето на ученици кои се тажни заради развојот на настаните со Исус, го напуштиле Ерусалим и се враќаат дома, во Емаус, одејќи околу единаесет километри. Тоа патување се случувало преку ден, со добар дел од патот кој се спуштал по удолница.
Овде е и патот на враќањето уште единаесет километри, но патувањето се одвивало кога се спуштала ноќ, по делот од патот по кој се искачуваш и после напорот кој го направиле при заминувањето – рече Светиот Отец и истакна: Два пата: еден лесен преку ден, а вториот напорен преку ноќ. Првиот се случувал со тага, а вториот со радост. Во текот на првиот бил присутен Господ Кој одел покрај нив, но не Го препознале; во текот на вториот повеќе не Го гледале, но ја чувствувале близината.
Во текот на првиот биле обесхрабрени и без надеж, а во текот на вториот трчале за да им ги донесат на другите добрите вести за средбата со воскреснатиот Исус – рече папата Фрањо и истакна: Двата различни патишта на тие први ученици, ни кажуваат на нас денешните Исусови ученици дека пред себе во животот имаме две спротивни насоки. Постои патот на оние кои како тие два ученика при заминувањето дозволуваат да ги парализираат разочарувања во животот и понатаму одат тажни, и постои патот на оние кои себе и своите проблеми не ги ставаат на прво место, туку Исус Кој нè посетува нас и браќата кои ја чекаат Неговата посета.
Потребна е пресвртница, односно да престанеме да се вртиме околу сопственото ЈАС, околу разочарувањата од минатото, околу неостварените идеали и да одиме понатаму, гледајќи на поголемата и вистинска животна реалност: Исус е жив и ме љуби! – рече Папата и напомена: Се работи за промена на одењето, односно за преминот од мислите за своето ЈАС, на реалноста за мојот Бог. Со други зборови говорејќи, треба да преминеме од „АКО“ на „ДА“. Па, од тоа „АКО“: „Бог нè ослободи, Он нè слушаше, животот одеше како што сакавме, го имавме она или она…“
Тоа е нашето „АКО“ кое е слично на она на двајцата ученика – рече Светиот Отец и потсети: Меѓутоа, нивното „АКО“ премина во „ДА“: „Да, Господ е жив, оди со нас. Да, сега, не утре се враќаме на патот за да Го навестиме.“ Се прашуваме како се случила таа промена на чекорите, од ЈАС на Бог, од „АКО“, на „ДА“? Среќавајќи го Исуса двајцата ученика од Емаус најпрво го отвориле своето срце, потоа Го слушале додака им ги толкувал писмата и потоа го поканиле дома.
Тоа се три чекори кои и ние можеме да ги направиме во своите домови – рече папата Фрањо. Прво да го отвориме своето срце за Исус, да Му ги довериме грижите, маките и животните разочарувања; второ да Го слушаме Исус, да го земеме во рацете Евангелието, денес да го читаме тој ист дел од 24 глава од Евангелието според Лука; трето со истите ззборови како двајцата ученика да го молиме Исус: „Господи остани со нас“, со сите нас затоа што си ни потребен за да го пронајдеме патот.
Драги браќа и сестри во животот секогаш сме на пат. И стануваме она за што се стремиме. Да го избереме Божјиот пат, а не оној со своето „ЈАС“; патот на она „ДА“, а не на оние „АКО“. Ќе откриеме дека нема неочекувано, нема искачување, нема ноќ со кои не можеме да се соочиме со Исуса. Пресвета Богородица, Мајка од патот Која прифаќајќи Го Словото Божјо од целиот свој живот направила едно „ДА“ на Бог, нека ни го покаже патот – заврши Папата.
Ватикан њуз/к.мк