Отсекогаш на светот имало корумпирани или расипани судии – рече папата Фрањо во својата проповед на светата Литургија на 3 април 2017 година во капелата на домот Света Марта, во Ватикан.
Дури и денес ги има во сите делови на светот. Но, зошто корупцијата или расипаноста влегува во луѓето? – праша и продолжи – затоа што една работа е грев: „Грешев, се лизнав, неверен сум на Бог, но настојувам тоа повеќе да не го правам…, или се обидувам тоа да го решам со Господ или барем знам дека тоа не е во ред.“ Но, корупција е кога гревот влегува, влегува, влегува во твојата совест и не остава место ниту за воздухот – рече папата Фрањо.
Исус кажува само неколку зборови – продолжи Папата и објасни: Вели: Кој од вас е без грев, прв нека го фрли каменот. А на грешниците им вели: Ниту јас не те осудувам. Оди и повеќе не греши. Тоа е полнотата на законот – рече Светиот Отец – а не она од книжниците и фарисеите, кои го расипале својот разум донесувајќи многу и премногу закони, не оставајќи ниту малку место за милост. Исус е полнотата на законот и Исус суди според милосрдието – рече Папата.
Дури и ние другите ги судиме во своето срце, нели? Дали сме расипани? Или сѐ уште не сме? Застанете – повика Папата. Да застанеме и да се загледаме во Исус, Кој секогаш суди милосрдно: Ниту јас не те осудувам. Оди во мир и не греши повеќе“ – рече на крајот од својата проповед Светиот Отец.
РВ/к.мк