Папата: Исус е роден од жена, личност која по својата природа бара општење

Папата: Исус е роден од жена, личност која по својата природа бара општење

Папата Фрањо во среда 1 јануари 2024 година, на празникот на Света Богородица, ја предводеше светата Литургија во базиликата Свети Петар во Ватикан. По тој повод, на почетокот на проповедта, зборувајќи за Марија како Богородица, ја актуелизираше нејзината улога во историјата на спасението и ја поврза со јубилејната година која е во тек.

На почетокот на новата година која Господ ја дарува на нашите животи, убаво е да можеме да го кренеме погледот на нашето срце кон Марија. Всушност, како Мајка, таа нè насочува на општење со Синот: нè враќа кај Исус, ни кажува за Исус, нè води до Исус. На овој начин, празникот на Света Марија Богородица повторно не потопува во тајната на Божик: „Бог создаде еден од нас во крилото на Марија и ние, кои ја отворивме Светата врата за почетокот на јубилејот, денес се потсетуваме дека „Марија е вратата низ која Христос влезе во овој свет“.

Затоа што празникот е дел од Божиќната осмина, папата Фрањо се осврна на читањето и зборовите на апостол Павле дека Исус е роден од жена, и со тоа сакаше да ги освести верниците дека Бог не е апстрактен, туку личност кој по самата своја природа бара општење.

Постои едно искушение, кое фасцинира многу луѓе денес и кое исто така може да доведе во заблуда многу христијани: да се замисли или измисли „апстрактен“ Бог, поврзан со нејасна религиозна идеја, со некоја минлива добра емоција. Напротив, тој е конкретен, тој е човек, роден од жена, има лице и име и не повика да општиме со Него.

Размислувајќи понатаму за новозаветната фраза „ роден од жена“, Папата ја нагласува Божјата желба да дојде во светот во облик на слабо и зависно дете, изразувајќи го на тој начин своето сочувство со човештвото.

И така во текот на целиот Исусов живот можеме да го видиме тој Божји избор, изборот на маленкост и скриеност; Тој никогаш нема да се препушти на привлечноста на божествената моќ да врши големи знаци и да се наметнува на другите како што му предложил ѓаволот, туку ќе ја открие Божјата љубов во убавината на својата човечност, живеејќи меѓу нас, споделувајќи обичен живот составен од маки и соништа, покажувајќи сочувство за страдањето на телото и духот, отворајќи ги очите на слепите и зацврстувајќи ги изгубените срца. Сочувство. Трите Божји ставови се милост, близина и сочувство. Бог се приближува, милостив и сочувствителен. Да не го заборавиме тоа. Преку својата кревка човечност, Исус ни го покажува Бог кој се грижи за кревките.

На крајот, поврзувајќи ја јубилејната година посветена на темата на надежта и Светскиот ден на мирот, папата Фрањо ја истакна скапоценоста и достоинството на животот и го повика секој човек да го препознае и цени дарот на животот во себе и во својата околина.

Покрај тоа, повикувам на јасно ангажирање за да се промовира почитувањето на достоинството на човечкиот живот од зачнувањето до природната смрт, за секој човек да може да го сака својот живот и да гледа на иднината со надеж.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот