Папата: Исус го барал на народот, а народот Исус

Папата: Исус го барал на народот, а народот Исус

Ако упорно гледаме во Исус, со чудење ќе откриеме дека Тој со љубов го гледа секој од нас – рече Светиот Отец во проповедта на светата Литургија на 31 јануари 2017 година во капелата на домот Света Марта, на литургискиот спомен на свети дон Боско.

Авторот на Посланието до Евреите поттикнува во верата да трчаме „упорно гледајќи го Исуса.“ Евангелието пак вели дека Исус нѐ гледа, и дека нѐ виде. Тој е блиску до нас, „секогаш е меѓу луѓето.“ Не е со чувари да го заштитуваат за луѓето да не Го допираат. Бил меѓу луѓето и тие го допирале. Кога излегувал, мноштвото секогаш било поголемо. Не водејќи сметка за тоа што другите говорат, Тој го барал народот, а народот Него. Мноштвото не го тргнува погледот од Него, ниту Тој од мноштвото. Секој го гледал, а тоа е посебноста на неговиот поглед. Во мноштвото го гледал секој човек – истакна Папата.

Осврнувајќи се на делот од Евангелието според Марко, Папата рече дека опишува две чуда: Исус ја оздравува жената која дванаесет години страдала од крвотечение, а која меѓу мноштвото успева да ја допре неговата облека. Исус забележува дека некој го допрел. После тоа ја воскреснува дванаесет годишната ќерка на Јаир. Забалежувајќи дека е гладна, на родителите им кажал да ѝ дадат да јаде. Исусовиот поглед опфаќа мало и големо. Исус така гледа: нѐ гледа сите нас, секого поединечно. Бидејќи е блиску ги гледа нашите големи проблеми, радостите и нашите мали работи. Тој не се плаши од големите работи, но води сметка и за малите. Исус така гледа – рече папата Фрањо.

Ако трчаме, трајно посочувајќи го погледот кон Исус, ќе ни се случи исто што по воскресението на ќерката на Јаир му се случило на народот, кој му се восхитувал. Со погледот упатен кон Исус, одам напред и што откривам? Тој ме гледа мене. Неговиот поглед во мене поттикнува големо чудење, а тоа чудење се раѓа од средбата со Исус. Да не се плашиме! Ниту жената не се плашела да го допре работ од неговата облека. Не треба да се плашиме. Со погледот упатен на Исус да трчаме на тој пат и ќе доживееме изненадувања кои ќе нѐ исполнат со чудење: Исус ме гледа – заврши Светиот Отец.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

За авторот