На Генералната аудиенција во Ватикан, папата Фрањо истакна дека на Украина повторно ѝ се закануваат ужасите на Втората светска војна, а во пресрет на празникот на Безгрешното зачнување, кој се слави во четврток, 8 декември, тој ги повика верниците да се помолат на Пресвета Богородица да ги утеши сите оние кои ја трпат бруталноста на војната
За време на Генералната аудиенција во среда 7 декември 2022 година одржана во салата Павле VI. во Ватикан, папата Фрањо повторно потсети на војната што беснее во Украина.
„Историјата денес се повторува!“, рече Папата, обраќајќи им се на присутните полски ходочасници и зборувајќи за комеморацијата организирана во понеделник од Центарот за католичко-еврејски односи на Католичкиот универзитет во Лублин, Полска, по повод годишнината од „ Операцијата Рајнхард “ – планот за истребување што го извршија нацистите против полските Евреи за време на Втората светска војна.
Ужасите на Втората светска војна
Најсмртоносната фаза од планот за имплементација на нацистичка Германија беше обележана во 1942 и 1943 година, кога околу 1,7 милиони Евреи беа убиени во концентрационите логори Белзец, Собибор и Треблинка. Меѓу жртвите на логорите на смртта „Операција Рајнхард“, има и непознат број Полјаци, припадници на ромскиот народ и советски воени затвореници.
Споменот за тој страшен настан во нас нека разбуди мисли и дела за мир, рече Папата.
Молитва за напатената Украина
Спомнувајќи ја војната во Украина, во поздравот до присутните италијански ходочасници, Светиот Отец се осврна на празникот Безгрешно зачнување и ги поттикна верниците да се молат на Пресвета Богородица да ги утеши сите оние кои се искушувани од „бруталноста на војната“, посебно во „маченичка Украина“. Да молиме за тој маченички народ кој многу страда!, повика Папата.
Ватикан њуз/к.мк