Папата испрати телеграма со сочувство за Ирак и Иран

Папата испрати телеграма со сочувство за Ирак и Иран

Светиот Отец упати телеграма со сочувство до ирачкиот и иранскиот народ, изразувајќи ја својата длабока болка заради силниот земјотрес кој ги погоди двете земји.

На 12 ноември 2017 година граничната област на Ирак и Иран ја погоди силен земјотрес со магнитуда од 7,3 во кој загинаа повеќе од 300 луѓе, а најмалку 2500 се повредени, објавија државните медиуми на двете земји. Спасувачките служби трагаат по десетици луѓе затрупани под урнатините во планинското подрачје. Се стравува дека бројот на жртвите уште ќе расте кога спасувачките екипи ќе дојдат до оддалечените делови.

Светиот Отец упати телеграма со сочувство до иранскиот и ирачкиот народ, која ја потпиша Папскиот државен секретар кардинал Пиетро Паролин, изразувајќи ја својата длабока болка заради силниот земјотрес кој ги погоди двете земји, гарантирајќи им ја својата молитва на сите оние кои се погодени од таа трагедија. Папата Фрањо порача дека се моли за загинатите, препорачувајќи ги на милосрдието на Семоќниот. Папата на крајот за сите кои се ангажирани во спасувањето повика Божји благослов, утеха и сила.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот