Папата испрати телеграма со сочувство за жртвите во Лас Вегас

Папата испрати телеграма со сочувство за жртвите во Лас Вегас

„Длабоко тажен” од вестите за инцидентот во Лас Вегас во САД, папата Фрањо ja изрази својата „духовна близина кон сите засегнати од оваа бесмислена трагедија”. Ова стои во телеграмата со сочувство за жртвите од  инцидентот во Лас Вегас за време на концертот на кантри фестивалот „Route 91 Harvest Festival” во кој загинаа 50, а повредени се над 400 лица.

Полицијата го идентификуваше напаѓачот од Лас Вегас, 64-годишниот Американец Стивен Падок од Невада, кој отворил оган кон скоро 22.000 посетители од 32. кат на хотел казиното „Мандалеј беј”, а потоа се самоубил . Според локалната полиција Падок не е поврзан со терористички организации и нема информации за мотивите. Засега, полицијата овој напад не го смета терористички чин.

Телеграмата испратена до епископот монс. Џозеф Ентони Пепе, потпишана од кардинал Пјетро Паролин, државен секретар на Ватикан, Светиот Отец оддава признание на „напорите на полицијата и вработените во итната помош”, и гарантира дека во својата молитва ќе ги довери на милосрдниот Господ сите  повредените и загинати.

РВ/к.мк

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот