Папата Фрањо е длабоко ожалостен од веста за „бруталниот напад“ врз група сестри од конгрегацијата „Пресвето Срце Исусово“ во Јужен Судан, во кој беа убиени с. Мери Абуд и с. Регина Роба.
Во телеграмата испратена на 17 август 2021 година преку државниот секретар кардинал Пиетро Паролино, Светиот Отец изрази искрено сочувство до нивните семејства и до верската заедница за „бесмислениот чин на насилство“.
Папата изрази надеж дека „нивната жртва ќе го унапреди мирот, помирувањето и безбедноста во регионот“ молејќи се за нивниот вечен покој и утеха на оние што жалат за загубата.
Двете монахињи се убиени во заседа на патот што го поврзува главниот град на Јужен Судан, Џуба со Нимуле, на границата со Уганда. Монахињите, заедно со неколку сестри и верниците, се враќале во Џуба откако учествуваа во прославата на 100 гогодишнината од основањето на парохијата Лоа во бискупијата Торит. Тие патувале со автобус кој бил нападнат од вооружени лица. Локални извори објавија дека с. Мери, с. Регина и уште три други лица се убиени во нападот.
Ватикан њуз/к.мк