Папата им се заблагодари на циркуските работници за насмевките што ги даваат на луѓето

Папата им се заблагодари на циркуските работници за насмевките што ги даваат на луѓето

Папата Фрањо допатува во попладневна посета на Луна паркот во Остија Лидо (југозападно од Рим), каде што се сретна со карневалските и циркуските работници кои живеат таму, потпомогнати од сестрите Женевие Жанингрос и Ана Амелија кои се грижат за нив пасторално.

Папата Фрањо го прекина својот јулски „летен одмор“ во среда 31 јули 2024 година за да ги посети вработените и оние кои пасторално се грижат за историскиот забавен парк, кој се наоѓа на само околу еден час југозападно од Рим. Пристигнувајќи во Луна паркот Остија Лидо, Папата им упати топли поздрави и поддршка, велејќи дека сака лично да ја изрази својата благодарност, бидејќи тие помагаат да се насмевнат лицата на луѓето.

Благослов на статуата на Богородица

По пристигнувањето Папата ја благослови статуата на Пресвета Богородица, каде што беше поставен знак „Потребно е Богородица да ни биде заштитничка“.

Поздрав од сестра Женевие

Пристигнувајќи околу 15.05 часот на температура од 35 степени со Fiat 500 L, папата Фрањо беше пречекан од француската сестра Женевие Жанингрос, монахиња од Малите сестри на Исус. Таа беше придружувана од сестра Ана Амелија. Малите сестри на Исус го црпат своето вдахновение од списите и сведоштвото на Свети Шарл де Фуко, кој служењето на најсиромашните браќа и сестри го направи негова животна страст. Сестра Женевие претходно имаше повеќе средби со папата Фрањо, носејќи различни групи во Ватикан кои имаа средба со Папата на крајот од Генералната аудиенција.

Средба со народот

Извикувајќи „каква голема радост ни давате!“, сестра Женевие заедно со парохискиот свештеник на блиската парохија Царица на мирот, о. Џовани Винченцо Патане, го поведе Папата во просторија што се користи за детски роденденски забави. Громогласен аплауз одекна кога папата со својата количка и неговите помошници, кои носеа бонбони и бројаници за да им ги поделат.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот