Светиот Отец Фрањо го именува досегашниот провинцијал на Покраината на Дружбата Исусовци во Аргентина и Уругвај Анхел Сикст Роси за нов надбискуп митрополит на Кордоба во Аргентина, објави на 6 ноември 2021 година канцеларијата за печат на Светиот Престол.
Папата истовремено го прифати повелкувањето од служба заради навршена канонска возраст на досегашниот надбискуп митрополит на Кордоба Карлос Хозе Нанез.
Новиот надбискуп Анхел Сиксто Роси е роден на 11 август 1958 година во Кордоба. Во новицијат на Дружбата Исусовци влегува во 1976 година. По завршувањето на филозофски-теолошките студии во Еквадор, на 12 декември 1986 е ракоположен за свештеник. Доживотни завети дава на 9 мај 1994 година. На Папскиот универзитет Грегоријана во Рим постигнува лиценцијат од подрачјето на духовноста.
Тој ја извршувал службата ректор на црквата Пресветиот Спасител, основа Дом за засолниште „Hogar San José“ и фондација Manos Abiertas“, бил магистер во новицијатот и супериор на заедницата во Големата резиденција во Кордоба.
Објавил голем број текстови и есеи од подрачјето на духовноста и пасторалот. Неколку години водел триесетдневни игнациевски духовни вежби.
Во провинцијата ја извршувал службата советник на провинцијалот, координатор на патувачкиот мисионерски тим и духовник на фондацијата „Manos Abiertas“.
Ватикан њуз/к.мк