Папата Фрањо на 15 јули 2023 година го именува монс. Џузепе Шен Бин за бискуп на Шангај, преместувајќи го од бискупијата Хаимен, провинција Џиангсу. Кардинал Паролин изјави дека чекорот на Папата е за доброто на бискупијата и дијалогот.
Папата именува нов бискуп на Шангај, монсињор Џузепе Шен Бин, преместувајќи го од епархијата Хаимен. Всушност, прелатот веќе ја презеде функцијата минатиот 3 април, без взаемна согласност на Светиот Престол. Принцип кој лежи во основата на Привремената спогодба за именување на бискупи, склучена меѓу Светиот Престол и Народна Република Кина во 2018 година, а потоа продлжена, повторно во нејзината привремена форма.
Токму на оваа тема, кардиналот Пјетро Паролин, државен секретар на Светиот Престол, даде интервју за ватиканските медиуми.
„Како што е познато, објасни кардиналот, Договорот беше продолжен за уште две години на 22 октомври 2022 година. Околу еден месец потоа, Светиот Престол мораше да изрази изненадување и жалење поради веста за именување на монсињор Џон Пен Вејао за помошен бискупот на Џиангсу, непризната од Светиот Престол, при што Светиот Престол ниту беше консултиран ниту информиран за тоа.
Што се однесува до Шангај, посочува Паролин, Светиот Престол бил информиран за одлуката донесена од кинеските власти да го преместат монсињор Џузепе Шен Бин, бискуп на Хаимен, но и овој пат не бил вклучен. Да се почека на решението пред јавно да се коментира за случајот, но треба и да се согледа внимателно неопходноста и пасторалната ситуација на Шангајската бискупија, која е призната до Светиот Престол и која долга време би останала без бискуп, така и за воможното преместување на монсињор Шен Бин, кој е почитуван пастир.
Кардинал Паролин појаснува дека станува збор за дејствие кое „изгледа дека го занемарува духот на дијалогот и соработката воспоставени меѓу Ватикан и кинеската страна низ годините и има основа во Договорот“. Зошто треба да се потврди преместувањето и да се прифати именувањето? „Намерата на Светиот Отец“, забележува Паролин, „во суштина е пасторална и ќе му дозволи на монсињор Шен Бин да работи со поголем душевен мир за да ја промовира евангелизацијата и да го олесни црковното заедништво“. Понатаму, се надеваме „дека тој може, во договор со властите, да помогне праведно и мудро да се решат некои други прашања кои долго време не се решени во бискупијата, како што е позицијата на двајцата помошни бискупи, онаа на монсињор Тадео Ма Дакин, за кого сѐ уште има пречки и за монсињор Џузепе Син Венжи, кој е отповикан.
Роден во Чидонг, провинцијата Џиангсу на 3 февруари 1970 година, Шен Бин е ракоположен за свештеник на 1 ноември 1996 година. На 17 април 2010 година е именува за бискуп на Хаимен, со согласност на двете страни и на следниот 21 април е хиротонисан за бискуп. Од 2022 година, монсињор Шен Бин е и претседател на телото наречено Колегиум на кинески католички бискупи. Пред неговото именување, бискупијата Шангај беше без пастир од 27 април 2013 година, кога почина Алојсиус Џин Луксианг, признат од Светиот Престол во 2005 година, а бискупијата ја водеше од 1988 година.
Ватикан њуз/к.мк