Папата именуваше специјален делегат за Меѓугорје

Папата именуваше специјален делегат за Меѓугорје

Папата Фрањо го назначи монсињор Хенрик Хосер, надбискуп на Варшава-Прага, за специјален делегат на Светиот Престол за Меѓугорје – соопштено е од Канцеларијата за печат на Светиот Престол.

Посланието на специјалниот делегазат во Меѓугорје – според Канцеларијата за печат на Светиот Престол – има за цел да стекне подлабоко спознание за пасторалната состојба на меѓугорската реалност и посебно за потребите на верниците кои во Меѓугорје доаѓаат на поклонение, и врз основа на тоа да предложи евентуали пасторални потфати за иднината. Посланието ќе има исклучиво пасторален карактер.

Директорот на Канцеларијата за печат на Светиот Престол Грег Бурке истакна дека „испраќањето на специјален делегат е знак на внимание на Светиот Отец кон поклониците. на Канцеларијата за печат на Светиот Престол

Намерата не е истражна, туку строго пасторална. Посебниот делегат нема да навлегува во прашањата за виденијата на Пресвета Богородица, кои се во надлежност на Конгрегацијата за наука на верата, а ќе биде во контакт со епархискиот епископ, со малите браќа фрањевци, на кои им е доверена парохијата Меѓугорје, и со локалните верници. Директорот на Канцеларијата за печат на Светиот Престол заклучи: „Ова е послание за поклониците, а не е против никој.“

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма за умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот