Канцеларијата за печат на Светиот Престол извести дека томографијата на градниот кош на која попладнето беше подложен папата Фрањо открила слоевита слика која бара дополнителен фармаколошки третман. И покрај ова, Папата е со добро расположение.
„Лабораториските тестови, рендгенските снимки на градниот кош и клиничката состојба на Светиот Отец продолжуваат да даваат сложена слика. Полимикробната инфекција, која се разви во рамките на бронхиектазии и астматичен бронхитис, која бара употреба на антибиотска терапија со кортизон, го прави третманот уште покомплексен. Томографијата на градниот кош на кој попладнево беше подложен Светиот Отец, а кои беше препишан од лекарскиот тим на Ватикан и лекарскиот тим на Фондацијата Поликлиника А. Гемели покажа развој на билатерална пневмонија која бара дополнителен фармаколошки третман. И покрај тоа, папата Фрањо е добро расположен. Утрово се причести и во текот на денот наизменично одмораше со молитва и читање.
Тој се заблагодарува за близината која ја чувствува во овој момент и со благодарно срце бара да продолжи да се моли за него.
Ова го соопшти Канцеларијата за печат на Светиот Престол во соопштение објавено вечерва, 18 февруари 2025 година, во кое се соопштени најновите информации за здравствената состојба на папата Фрањо, кој е хоспитализиран од 14 февруари. Папата добива стотици пораки со желби за брзо закрепнување, како и честитки и цртежи, од кои некои се направени од деца хоспитализирани во болницата Гемели.
Ватикан њуз/к.мк