Во телеграмата потпишана од државниот секретар кардиналот Паролин, папата Фрањо изразува сочувство за жртвите од силниот тајфун што ја погоди азиската земја, чиј број се искачи на повеќе од 250, и поделува благослов на властите и спасувачите.
Папата Фрањо е длабоко жалостен од веста за тајфунот и невремето што предизвика загуба на човечки животи и големи штети во Виетнам, а во телеграмата потпишана од државниот секретар кардиналот Пиетро Паролин, тој ја изразува својата духовна солидарност со повредените и со сите кои страдаат заради последиците од таа катастрофа. Папата ги доверува душите на починатите на милоста на Семоќниот Бог и се повикува на божествениот благослов на мир и утеха на сите, особено на цивилните власти и персоналот што обезбедува помош.
Папата ги доверува душите на починатите на милосрдието на семоќниот Бог и повикува на божествен благослов на мир и утеха на сите, особено на цивилните власти и персоналот што пружа помош.
Според последните проценки на локалните власти, тајфунот Јаги урна мостови, оштети згради, уништи најмалку 250 илјади хектари земјоделски култури и усмрти повеќе од 250 луѓе, а 82 лица се уште се водат како исчезнати. Повеќе од 15.000 луѓе се евакуирани во главниот град Ханој поради излевање на Црвената река.
Ватикан њуз/к.мк