Примајќи ја веста за трагичните атентати сторени во Франција во Каркасоне и Требес, папата Фрањо во пораката која ја испрати до епископот Ален Планет изрази жалост доверувајќи ги на Божјото милосрдие сите кои го загубија животот, соединувајќи се во жалоста на нивните драги.
Посебно спомнува на херојскиот чин на полицискиот службеник Арнод Белтран кој го даде животот за да заштити други човечки животи.
Ја изразувам својата солидарност на ранетите и на нивните семејства, како и со сите кои се погодени од таа трагедија, барајќи од Господ да им подари утеха – напиша Папата. Повторно ги осудувам таквите дела на насилство кои се причината за големо страдање, и силно молам од Бог за дарот на мир, а на ожалостените семејства и на сите Французи повикувам Божји благослов – стои во пораката на Папата.
РВ/к.мк