На Воскресниот понеделник 13 април Папата Фрањо изрази блискост на земјите кои се силно погодени од коронавирусот. Светиот Отец ги спомна и жените и нивните големи жртви и опасности во кризата предизвикана од болеста Ковид-19.
„Во оваа Велигденска осмина сакам да се потсетам со блискост и љубов на сите земји кои се силно погодени со коронавирусот, од кои некои се со голем број на заразени и мртви, посебно Италија, САД, Шпанија, Франција… списокот е долг. Молам за сите нив. И не заборавајте дека Папата моли за вас, тој е близу до вас”, рече Папата во обраќањето по молитвата Царице небесна.
Папата ги спомна и бројните жени кои се жртвуваат во оваа време на пандемиjа. „Денес би сакал со вас да потсетам на тоа што го прават многу жени, во оваа време на вонредни здраствени услови, посветувајќи грижа за другите: жени лекарки, медицински сестри, припаднички на силите на редот и вработени во затворите, вработените во продавниците за основни потреби … и многу мајки и сестри и баби кои се наоѓаат затворени во куќата со целото семејство, со децата, старите и инвалидите. Понекогаш, тие се изложени на закана од насилство поради соживот кој им е преголем терет. Да се помолиме за нив Господ да им даде сила и нашите заедници да можат да ги поддржуваат заедно со нивните семејства. Господ нека ни даде храброст на жените за да секогаш одиме напред”, рече Папата.
Ватикан њуз/к.мк