Папата Иван Павле I ќе биде прогласен за блажен на почетокот на септември

Папата Иван Павле I ќе биде прогласен за блажен на почетокот на септември

Во недела, на 4 септември, папата Фрањо ќе го прогласи за блажен Иван Павле I за време на светата Литургија на плоштадот Свети Петар.

Канцеларијата за печат на Светиот Престолг и објави плановите за беатификација на папата Иван Павле I, кој е роден како Албино Лучијани во северниот италијански град Форно ди Канале (сега Канале д’Агордо) на 17 октомври 1912 година.

Папата Фрањо во недела на 4 септември ќе ја предводи светата Литургија за беатификација на плоштадот Свети Петар. Обредот на беатификација ќе го прочита епископот Ренато Марангони, заедно со кардиналот Бенјамин Стела, постулатор за канонизацијата и д-р Стефанија Фаласко, заменик постулатор.

За време на беатификацијата, постулаторите ќе му подарат на Светиот Отец мошти со реликвијар од новиот блаженик, се вели во соопштението од Канцеларијата за печат при Светиот Престол.

Бесплатните влезници за светата Литургија можат да се земат од Префектурата на Папската куќа.

Во пресрет на беатификацијата, кардиналот Анџело Де Донатис ќе предводи молитвено бдение во базиликата Свети Иван Латерански во сабота, 3 септември. Генералниот викар на Римската епархија ќе го предводи бдението во официјалното седиште на бискупот на Рим – служба која Албино Лучијани ја презеде на 23 септември 1978 година.

По беатификацијата, света Литургија ќе се служи и на 11 септември во родниот град на папата Иван Павле I на територијата на италијанската бискупија Белуно – Фелтре.

Понтификатот на Иван Павле I беше најкраток во модерната историја – траеше вкупно 33 дена. Тој беше првиот Папа што избра двојно име, велејќи дека тоа го направил во чест на неговите двајца претходници: Иван XXIII. и Павле VI. Исто така е последниот Папа во долгата низа Папи родени во Италија, која започнала со Климент VII. во 1523 година. Сите негови наследници – Иван Павле II, Бенедикт XVI и Фрањо го нарекоа „насмеаниот Папа“.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот