Папата Фрањо на аудиенцијата со префектот на Конгрегацијата за прогласување на светци, каридналот Марсело Семераро, ја овласти Дикастеријата за објава на декретот кој се однесува на каузата на папата Иван Павле I. Објавени се и декрети за каузи на уште седум службеници Божји.
Црквата го призна чудото кое се препушува на чесниот слуга Божји папата Иван Павле I роден како Албино Лучијани на 17 октомври 1912 година во градот Канале д’Агордо, а кој почина на 28 септември 1978 година во Апостолската палата во Ватикан. За Папа е избран на 26 август 1978 година службата ја извршувал до својата смрт 33 дена подоцна.
Станува збор за чудесното оздравување на единаесетгодишното девојче на 23 јули 2011 година во Буенос Аирес. Иницијативата за молитвата по застапништво на папата Лучијани ја започна парохот од парохијата на која припаѓала болницата.
Освен декретот за чудото по застапништво на Иван Павле I признато е уште едно чудо кое се препишува на чесната служителка Божја Марија Береники Дук Хенкер основачка на Дружбата на малите сестри од Навестувањето. Родена е на 14 август 1898 година, а починала на 25 јули 1993 година во Меделин, Колумбија.
Прогласен е и декретот за мачеништвото на свештениците дон Петра Ортиза де Зарате и Иван Антун Солинас кои се убиени од омраза кон верата (in odium Fidei), на 27 октомври 1683 година
Останатите декрети се однесуваат на херојските крепости на четворица служители и служителки Божји. Тоа се бискупискиот свештеник Диего Хернандез Гонзалез, фра Јосип Сполетини OФМ, основачката на Малите сестри од Исус Магдалена од Исус и основачката на Дружбата ќерки на света Марија од Лоче Елизабета Мартинез.
Ватикан њуз/к.мк