Папата за Скалфари: Со задоволство се сеќавам на нашите разговори

Папата за Скалфари: Со задоволство се сеќавам на нашите разговори

Папата Фрањо изрази жалење за смртта на 98-годишниот новинар, Еугенио Скалфари, основач и 20 годишен директор на дневниот весник La Repubblica; пријател со кој размислуваа за „последните прашања за човекот“.

Тој е централен лик во италијанското новинарство, за време и по неговото напуштање на раководството на дневниот весник La Repubblica, со кој неговото име е нераскинливо поврзано. Роден е во 1924 година во Чивитавекија, Еугенио Скалфари почина во четврток 14 јули 2022 година во Рим, на 98-годишна возраст. Папата Фрањо – како што информира директорот на Канцеларијата за печат на Светиот Престол, Матео Бруни – со тага ја примил веста за смртта на својот пријател. Со задоволство ги чува спомените од средбите и богатите разговори за последните прашања за човекот што ги имал со него низ годините, и во молитва ја доверува неговата душата на Господа, да го прими и да ги утеши неговите најблиски.

Сестран човек од култура

Светот на информации го гледаше како протагонист уште од неговите први чекори, свет кој длабоко го обнови со двете изданија што ги уредуваше: неделникот L’Espresso и пред се дневниот La Repubblica, кој го основа во 1976 година и за неколку години го донесе на врвот на интересот на читателите. Скалфари не беше само новинар, тој беше сестран човек од култура. Има објавено неколку книги, почнувајќи од првата, во 1998 година, со наслов „Лавиринт“.

Сеќавање на кардиналот Раваси

Со почит и пријателство се сеќавам на Еугенио Скалфари, основачот на весникот La Repubblica, главниот протогоности на секуларната култура – пишува кардиналот Џанфранко Раваси во Твитер порака. Во моето сеќавање го чувам нашиот прекрасен разговор во 2013 година, во вистинскиот дух на „Предводјето на народите“, за предизвиците и иднината на информирањето.

Разговори со Папата

По изборот за наследник на Петар, папата Фрањо се допишуваше со Еугенио Скалфари и даде интервју за односот на верата и секуларизмот, објавено во книга во издание на Einaudi-La Repubblica. Тоа беше разговор, иако од две различни гледишта, кој го привлече вниманието на пошироката јавност. Токму како одговор на Еугенио Скалфари, на 4 септември 2013 година, папата Фрањо во споменатиот дневник напиша на неговиот основач: „Црквата, верувај ми, и покрај нејзината бавност, неверност, грешки и гревови што можеби ги направила и можеби ги прави во оние кои ја сочинуваат, нема друга смисла и цел освен живеење и сведочење на Исус.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот