Папата застана на крајот од редицата во Ватиканската менза

Папата Фрањо продолжува да изненадува. Овој пат буквално од кујната на Ватикан. Во петок 25 јули 2014 година тој неочекувано се појави во Ватиканската менза и руча заедно со ватикански работници и службеници.

„Како и сите, тој застана на крајот од редицата со послужавник во рацете и чекаше за храна – вели раководителот на мензата Франко Паини.

Јадеше бела паста и бакалар. Веднаш беше опкружен со присутните и се почувствувавме едно семејство. Праша за нас и за нашата работа. На крајот ни подели апостолски благослов и се разбира со него се сликавме.

Посетата траше околу еден час, но беше како гром од ведро небо. Никој не очекуваше Папата да јаде со нас. Изненадувањето ни донесе едно огромно задоволство”.

РВ/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот