Започна 37. Апостолско патување на Светиот Отец во странство. Папата Фрањо утрово, 24 јули 2022 година полета од римскиот аеродром Фиумичино за Канада. Во Едмонтон треба да пристигне во 11.20 часот по локално време.
Папата Фрањо појде од домот Света Марта во 08.00 часот и на аеродромот го пречека Ербас А330 на Ита Ервејс. Во количка ги поздрави челниците на Ита Ервејс, а потоа со помош на лифт се качи во авионот.
Авионот полета во 9.16, а Папата треба да слета во канадски Едмонтон околу 11.20 часот по локално време (19:20 UTC + 2). На десетчасовниот лет, како и за време на апостолското патување, папата Фрањо е придружуван од уште двајца членови на Римската курија од Канада: кардиналите Марк Оулет, префект на Дикастеријата за епископи и Мајкл Черни, префект на Дикастеријата за Промоција на целосен човечки развој.
Канадскиот премиер Џастин Трудо и заменик-гувернерката Алберта Салма Лахани ќе го пречекаат Светиот Отец на аеродромот.
По официјалниот пречек, Папата ќе се упати во семинаријата Свети Јосиф каде ќе се одмори од патувањето. Во понеделник наутро го очекуваат првите јавни точки од програмата.
Осумдесет новинари го придружуваат Светиот Отец на неговото патување. Вестите за апостолското патување во Канада ќе можете да ги следите секој ден на веб-страницата Vatican News.
Ватикан њуз/к.мк