Папата: Зависноста од дрога е нов вид на ропство

Папата: Зависноста од дрога е нов вид на ропство

Зависноста од дрога е „нов вид на ропство“ и „рана на нашето општество“, а против неа треба да се бориме со образование и рехабилитација – порача папата Фрањо во својот говор до учесниците на конференцијата под наслов „Наркотици: проблеми и решенија на тој светски проблем.“

Зависноста од дрога е „нов вид на ропство“ и „рана на нашето општество“, а против неа треба да се бориме со образование и рехабилитација – порача папата Фрањо во својот говор до учесниците на конференцијата под наслов „Наркотици: проблеми и решенија на тој светски проблем,“ во организација на Папската академија за науки. Папата рече дека тие кои паднале во замката на дрогата, жртвите: ја загубиле својата слобода, а за возврат станале робови.

Светиот Отец наведе различни фактори кои доведуваат до зависност: отсуството на семејството, притисок од општеството, желбата за нови искуства… Но – продолжи – секој човек зависник има своја приказна која треба да ја ислушаме, да ја разбереме, да сакаме и каде е можно да исцелиме и прочистиме. Не треба да ги класифицираме како да станува збор за предмети или расипани работи, тоа би било неправда; туку секој човек треба да го вреднуваме и да го цениме во неговото достоинство за да биде излекуван. Тие и понатаму го поседуваат, повеќе од било кога, достоинството на луѓе и деца Божји.

Папата рече дека не е изненадување што толку многу стануваат зависници од дрога, бидејќи световноста нуди широк спектар на можности за краткотрајна среќа. Говореше и за проблемот на понудата и побарувачката. Истакна дека понудата на дрога е важен дел од организираниот криминал и тој ланец на понуда мора да се искорени и уништи, додека побарувачката за наркотици треба да се запре со образование, социјални програми и семејна поддршка.

Целосната човечка формација е приоритет – истакна Светиот Отец – на луѓето им дава можност да го поседуваат оружјето за расудување со кое ќе можат да расудуваат помеѓу разни опции и да им помогнат на другите. Оваа формација првенствено е насочена кон оние најранливите членови на општетсвото како децата и младите, но е корисна и за семејството како и за сите оние кои трпат било каков облик на маргинализација. И превенцијата и рехабилитацијата се важни аспекти на проблемот со зависноста од дрога – рече папата Фрањо и заврши: Нашите браќа и сестри во потреба кои навидум немаат што да дадат ни нудат богатство – Божјото лице кое ни говори и нѐ предизвикува.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот