Папата жали за жртвите од лизгањето на земјиштето во Папуа Нова Гвинеја

Папата жали за жртвите од лизгањето на земјиштето во Папуа Нова Гвинеја

Во телеграмата потпишана од државниот секретар кардинал Пјетро Паролин и испратена до нунцијот Мауро Лали, папата Фрањо ветува близина со семејствата на жртвите од лизгањето на земјиштето. Според проценките на ОН, повеќе од 2.000 луѓе останале затрупани под земја. Папата моли за спасувачките акции за исчезнатите и ги охрабрува сите што учествуваат во нив. Свлечиштето, кое се случи во ноќта меѓу 23 и 24 мај, затрупа околу 150 куќи, распоредени во шест села, во внатрешноста, во тешко пристапно подрачје.

Папата Фрањо изрази голема тага за трагедијата што ја погоди Папуа Нова Гвинеја, каде поради лизгање на земјиште во провинцијата Енга затрупа неколку села и – според Обединетите нации – предизвика 2.000 мртви кои се затрупани под земја. Во телеграмата потпишана од државниот секретар кардинал Пјетро Паролин и упатена до монсињор Мауро Лали, апостолски нунциј во таа земја, која Папата ќе ја посети во септември, Светиот Отец ја изразува својата духовна близина со сите погодени од катастрофата.

Молитви за спасувачките акции

Папата моли за загинатите и за оние кои жалат за нивната загуба и ги ветува своите молитви за спасувачките акции за многуте исчезнати лица. Истовремено ги охрабрува цивилните власти и персоналот за итни случаи да продолжат со спасувачките акции. Папата Фрањо моли за Божји благослов за утеха и сила за сите.

Катастрофа

Катастрофата се случи кога огромно количество земја падна од планина ноќта помеѓу четвртокот и петокот, 23 и 24 мај, во планинска и речиси непристапна област на Папуа Нова Гвинеја. Свлечиштето затрупа повеќе од 2.000 луѓе и предизвика голема штета, според известувањето на центарот за катастрофи во земјата до канцеларијата на Обединетите нации во Порт Морезби. Исто така, се проценува дека одронот погодил околу 150 куќи, поделени во шест села, во кои живеат најмалку 4.000 луѓе. Тешко може да се утврди точната бројка на жртвите со оглед на тоа што катастрофата се случи во област која е тешко пристапна, но и поради неодамнешниот прилив на многу луѓе во таа област, кои бегаат од племенските конфликти во блиските области.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот