Папата: Еднакви можности и исполнет живот за луѓето со ретки болести

По повод XIII Меѓународен ден на ретки болести, папата Фрањо во пораката која ја објави на својот профил на Твитер @Pontifex, поттикна да се посвети внимание на заболените луѓе. Префектот на Дикастеријата за промовирање на интегрален човеков развој, кардинал Петер Турксон, исто така објави порака посветена на тој ден.

Денот на ретки болести ни дава можност сите зедно да ја преземеме грижата за заболените браќа и сестри, обединувајќи ги истражувањата, медицинската нега и социјалната грижа на таков начин кој ќе им овозможи еднакви можности и исполнет живот – стои во пораката на папата Фрањо, која ја објави на својот профил на Твитер, по повод XIII Меѓународен ден на ретки болести. Првиот Ден на ретки болести е одржан во 2008 година и од тогаш се одбележува секоја година на последниот ден од месец февруари. Оваа година во центарот е темата за праведноста и еднаквите можности, со цел вреднување на потенцијалот на заболените лица.

Повеќе од 300 милиони луѓе заслужуваат внимание

Кардинал Петер Турксон префект на Дикастеријата за промовирање на интегрален човеков развој, во пораката објавена по повод Денот на ретките болести вели дека во светот има повеќе од 300 милиони луѓе кои боледуваат од ретки болести и истакнува дека тој е важен број кој заслужува внимание и не може да се занемари. Ретките болести често тешко се дијагностицираат и многу пати заболените и нивните семејства се изложени на стигматизација, осаменост и чувствуваат беспомошност – предупреди кардиналот и додаде дека меѓу нив често се јавува огорченост заради отежнатиот пристап на специфично лекување и примарна грижа, додека состојбата е уште потешка во земјите кои имаат слабо организиран систем на здравствена заштита. (…)

Ватикан њуз/к.мк

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот