И покрај пандемијата и оваа година старите и болни свештеници од италијанската покраина Ломбардија живеат посебен ден во богородичното светилиште Санта Мариjа дел Фонте во местото Караваџо. Иницијативата која е во организација на Ломбардиската бискупска конференција се одржува шеста година по ред.
Ден на молитва и братство со возрасните свештеници и болните. Папата Фрањо изразува радост заради таа иницијатива која и оваа година се одржува во богородичното светилиште во Караваџо недалеку од Бергамо, а во која учествуваат и епископите од покраината Ломбардија. Убаво е тоа внимание на епископите кон телесно послабиот дел на нивните свештеници. Всушност, свештеници сте кои во молитвата, слушањето и во принесувањето на страдањето ја извршувате во својата Црква службата која не e споредна – истакнува Папата.
Заблагодарувајќи се на волонтерите на Италијанската унија за превоз на болните во Лурд и до меѓународните светилишта, кои учествуваат во организација на средбата, Папата напоменува дека тие ја покажуваат благодарноста од целиот Божји народ кон своите свештеници. Потоа се обраќа до свештениците и напоменува дека посебно на нив на драгите собраќа кои го живеат времето на староста или пак горчливиот час на болеста чувствува дека мора да каже „благодарам“. Ви благодарам за сведоштвото на верна љубов кон Бог и Црквата – рече Папата. Ви благодарам за тивкото навестување на Евангелието на животот. Ви благодарам затоа што сте живо сеќавање со кое треба да се служиме во градењето на иднината на Црквата. (…)
На крајот од пораката сите учесници на средбата ги доверува на Дева Марија; додека во молитвата до Неа до Мајката на свештениците потсетува на големиот број свештеници починати заради вирусот и на оние кои се опоравуваат.
Ватикан њуз/к.мк