Папата до семејствата на ходочестие во Помпеја и Лорето: Бидете орудие на мирот

Папата до семејствата на ходочестие во Помпеја и Лорето: Бидете орудие на мирот

По повод 17-то италијанско национално ходочестие за семејства, кое оваа година е на тема „Сè што ќе ви рече, направете!” папата Фрањо испрати порака до претседателот на харизматското движење „Обнова во духот“, Џузепе Конталдо, организатор на настанот, за да го пофали моментот на молитва во кој се вклучени родители, деца и баби и дедовци. Кардинал Зупи: „Тоа е од што го има вкусот на народот“

Момент на заедничка молитва, кој вклучува родители, деца, баби и дедовци, која ги поддржува на нивниот пат со силата на верата – ова се зборовите што ги упати папата Фрањо повод 17-то италијанско национално ходочестие за семејства во маријанските светилишта Помпеја и Лорето, кое се одржа во саботата на 14 септември 2024 година, а бебеше организирано од харизматското движење „Обнова во духот“ (Rinnovamento nelle Spirito – RNS) во соработка со Папската прелатура на тие две светилишта, Канцеларијата на Италијанската епископска конференција за пасторал и грижа за семејствата и Форумот на здруженија за семејства.

Во пораката потпишана од државниот секретар, кардиналот Пјетро Паролин, упатена до Џузепе Конталдо, претседател на движењето „Обнова во духот“, Папата го изразува своето задоволство од настанот и ги упатува своите топли поздрави и духовна близина до сите учесници. Доверувајќи ги на нежниот поглед на Пресвета Богородица многубројни семејства во тешкотии, оние во воените зони и оние кои страдаат од големо сиромаштво, папата Фрањо се соединува со ходочесниците, повикувајќи го дарот на Светиот Дух, така што христијанските семејства во Италија, Европа и во светот, да бидат орудие на мирот сведочејќи за убавината на заедничкиот живот – стои во пораката.

Според зборовите на кардинал Матео Зупи, надбискуп од Болоња и претседател на италијанската бискупска конференција, ходочестието е „од кој го има вкусот на народот“, во кој сите – деца, млади, возрасни и постари – сведочат дека наследувањето на Господ Исус важи за сите, не само за некои или одредени категории.

И кардиналот Зупи упати порака до учесниците во која истакна дека темата на овогодинешното ходочестие „Сè што ќе ви рече, направете!”, преземена од евангелието по Иван значи дека од сите – како слугите на свадбата во Кана кои ги наполнија садовите со вода – се бара да направат иста работа; едноставна, скромна, полна со самодоверба. Повикани сме, имено, да го направиме нашиот дел во секојдневниот живот – забележа кардиналот Зупи – за да му дозволиме на Господ да ги претвори сите наши напори во добро вино.

Освен тоа, во нашево време, обележано со војни и насилство, да работиме на тоа тоа да станеме гласници и градители на мирот, исполнувајќи ги нашите односи со мир што доаѓа од откривањето на воскреснатиот Христос, жив и присутен. Се ближиме до крајот на оваа година во подготовките за јубилејот, а Папата поттикнува да ја ставиме молитвата во центарот на нашата подготовка. Во оваа смисла, нема подобар учител од Марија за да се научиме на послушност и надеж – истакна на крајот кардиналот Зупи.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот