На богородичната молитва во петокот попладне, на 22 септември, папата Фрањо го повика епархиското свештенство од Марсеј да го насочат Божјиот поглед кон своите браќа и сестри, да му ја принесат својата жед на Бога и да ја рашират радоста на Евангелието.
Светиот Отец ја предводеше богородичната молитва со свештенството од надбискупијата во Марсеј, во базиликата Богородица од Стражата, во која го повика свештенството да го донесат Божјиот поглед до нашите браќа и сестри, да ја донесат нивната жед до Бога и да ја рашират радоста на Евангелието.
Во своето прво обраќање папата Фрањо потсети дека Црквата не е основана како резултат на чудо или објава, туку затоа што Божјиот народ во Марсеј го барал и го нашол присуството на Господ преку очите на Неговата света Мајка.
Папата своите напомени ги фокусираше на маријанската димензија на службата, размислувајќи за пресекот на погледите кој го донесе Марија: односно, погледот на Исус на неговиот народ и погледот на народот кон Господ.
Тој во својот говор ги поттикна свештениците секогаш да ја даваат Божјата прошка и повторно да ја откриваат радоста на просветлувањето на животот преку светите Тајни. Тој ги потсети присутните да бидат блиску до сиромашните, особено со напуштените и сиромашните.
Осврнувајќи се на второто гледиште, она на мажите и жените кои се обраќаат кон Исус, Папата ја истакна улогата на црковните службеници како посредници. Како Марија на свадбата во Кана, тие се повикани да бидат глас на застапништвото за другите, и кога се молат, со себе ги носат потребите на сите оние што промислата им ги поставила на патот.
Папата го сумираше своето размислување покажувајќи на трите ликови на Марија во базиликата.
Големата статуа на Марија која се истакнува на врвот на базиликата го потсетува свештенството дека насекаде го носат Исусовиот благослов и мир. Сликата на Марија како го држи Детето Исус и букет цвеќе покажува како Марија ни го подарува Исус нам, а и нас, како букет цвеќе, Нему.
И на крајот, сјајот на сликата на Марија на олтарот ги повикува христијаните да станат живо евангелие со излегување и споделување на Исусовата порака со другите.
По богородичната молитва, имаше момент на размислување со верските водачи на Споменикот посветен на морнарите и мигрантите изгубени во морето.
Ватикан њуз/к.мк